Стилистите велат дека ова се фризурите кои задолжително треба да ги пробате оваа пролет, а кои воедно и ќе ве подмладат…
Вистинскиот избор на фризура е многу важен. Од фризурата зависи дали ќе изгледаме феноменално или 10 години постаро, па токму затоа потребно е внимателно да ја изберете онаа која совршено ви одговара и ве подмладува.
Пролетта полека ни се приближува, па токму затоа стилистите излегоа со предлози за хит фризури за ова годишно време, послушајте ги нема да погрешите…
Фризерите се едногласни, кратката коса многу подобро им прилега на дамите во зрели години, па токму затоа боб фризурата е одличен избор. Уште доколку е во повеќе бои во природни нијанси, тоа е полн погодок.