Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон, објавија лондонските медиуми.
Медиумите наведуваат дека Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.
Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка. Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.
Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред. Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.
Последниот британски премиер кој се венчал за време на својот мандат е Лорд Ливерпул, пред 199 години.
NEW PIC: PM @BorisJohnson newly married to Carrie Symonds in Downing Street garden yesterday pic.twitter.com/CEX3xO0Z2r
— Darren McCaffrey (@DarrenGBNews) May 30, 2021