Овогодинешниот избор за Мис Универзум се одржа по шеесет и деветти пат во Холивуд, Флорида, во хотелот и казиното „Семиноле Хард Рок“.

Зозибини Тунзи ја предаде круната по скоро година и пол, што ја прави Мис универзум со најдолг стаж во историјата на ова натпреварување.

Овогодинешната победничка на најпрестижниот избор за убавина во светот е Андреа Меза од Мексико. Таа има дваесет и шест години и иако по професија е инженерка, a е фокусирана на борбата за правата на жените и соработува со организации за борба против насилството.

Таа е член на глобална организација за собирање средства во Индија, Индонезија и Кина. Сака екстремни спортови и е туристички амбасадор на градот Чивава, од каде и потекнува.

По прелиминарната претквалификација одржана два дена пред финалето, беше одлучено дека во „Топ21“ влегуваат Аргентина, Австралија, Бразил, Колумбија, Костарика, Курасао, Доминиканска Република, Франција, Велика Британија, Индија, Индонезија, Јамајка, Мексико, Мјанмар, Никарагва, Перу, Филипини, Порткорико, Тајланд, САД и Виетнам.

Дваесет и една финалистка прошета на сцената во костим за капење. Најатрактивните и најсигурни убавици се пласираа во „Топ 10“ и тоа Австралија, Бразил, Костарика, Доминиканска Република, Индија, Јамајка, Мексико, Перо, Порторико и Тајланд. Дваесет финалисти беа избрани по прелиминарниот натпревар, додека Мис Виетнам победи на гласањето преку Интернет. Наградата за најдобра национална носија ѝ припадна на Мис на Мјанмар.

Натпреварот продолжи во вечерни фустани, а потоа жирито одлучи дека петте најубави девојки на изборот „Мис Универзум 2020“ се претставничките на Бразил, Доминиканска Република, Индија, Мексико и Перу. Токму тие имаа можност да одговорат на прашањата на жирито.

Прва придружинчка беше Мис на Бразил Џулиа Гама, која ќе ги преземе должностите во случај победничката да не може да ги исполни обврските, а за втора придружничка беше одбрана Мис Перу Јаник Мацета.

Изборот го водеа Марио Лопез и некогашната Мис на универзумот Оливија Кулпо. Поранешната мисица Паулина Вега и Деми Лиа Нел Питерс го следеа настанот од зад сцената, додека жирито беше составено од успешни деловни жени.