Амал Клуни отсекогаш била синоним за долга, темно кафеава коса која сјае и плени со волумен.
Овој пат, познатата Амал Клуни одлучи да направи мала, но ефективна промена која веднаш нè освои – вистинско освежување за есен. Ако имате долга коса, обавезно забележете го секој детаљ.
Фризерот на познати личности Димитрис Jанетос, кој ја создаде оваа трансформација, откри на Инстаграм дека овој пат не ги отстранил само оштетените врвови, туку создал нова форма на косата.
Фризурата дополнително ја усовршил со феноменален стил „bubble blowout“ – волуменозни, малку брановидни кадрици кои создаваат движење и елеганција, сето тоа со забележлива леснотија и софистицираност.
Јанетос откри дека Амал ја скратила косата за околу 6-8 сантиметри, ги осветлила врвовите со дискретни прамени и малку ја затемнила основната боја, давајќи му на лицето моментален дополнителен сјај.
„Амал никогаш порано немала ваква фризура“, призна фризерот, додавајќи дека ја разделил на страна, додека горниот дел од косата го оставил речиси исправен, а од средината до краевите создал лежерни, меки локни кои совршено го следат природното движење на косата.
Покрај косата, Јанетос се погрижил и за шминкерското издание на Амал на настанот на Clooney Foundation for Justice. Фокусот беше ставен на зачадените очи во кафени нијанси, со повеќеслојна маскара и дискретен сјај во внатрешниот агол на окото, нежно розово руменило на образите и кармин во боја на голо кафеава боја со сатенски финиш, што го комплетираше елегантниот, но свеж изглед.
Резултат? Амал изгледа модерно, гламурозно, но не премногу агресивно – совршена инспирација за секој што сака да внесе нов сјај во својот стил оваа есен.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Новата фризура на Амал Клуни брише години од лицето: осмелете се да бидете кралица на есента е превземен од МАКФАКС.























