Време е за здрава пица!

Потребни состојки:

  • *диетално тесто за пица
  • сусам
  • песто од босилек
  • роктвички
  • печурки
  • млад кромид

*јас моето диетално тесто го купив од gorobusta, но секако може да направите и диетално тесто дома, како и да побарате во најблискиот маркет

Подготовка

Намачкајте го тестото за пица со тенок слој од пестото, наросете со сусам и наредете ги печурките кои претходно треба да ги исечете на тенки парчиња.

Исечете ги печурките и ротквиците на тенки парчиња. Потоа, намачкајте го тестото за пица со тенок слој од пестото, наросете со сусам и наредете ги печурките и ротквиците.

Исечете ги перките од младиот кромид на ситни парчиња и ставете ги над другите зеленчуци. Вашата здрава пица сега е спремна за печење!

Доколку го користите диеталното тессто што го користев јас, треба да знаете дека процесот на печење не е исто како кај другите бели теста, односно се пече 6-7 минути во рерна. Доколку ја правите вашата здрава пица со друго тесто, следете ги инструкциите за печење од рецептот или на амбалажата, доколку го купите од маркет.

Послужете штом е готова, а можете да ја комбинирате со доматен или друг сос по желба.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.