Со доаѓањето на убаво, топло време, сите ние се стремиме да се ослободиме од темните бои и тешките материјали и да ја осветлиме нашата гардероба.
Истото го стори и Нина Бадриќ. Убавата хрватска пејачка одбра иделаен костум со кој веројатно сака да ја пречека пролетта.
Нина е икона на стилот и една од најдобро облечените жени на Балканот – таа секогаш избира гламурозни парчиња кои се во тренд. Пејачката често носи деним – урбани брендови достапни за пошироката маса.
Таа со својот пролетен изглед се пофали на својот инстаграм – профил.
Цветниот костим го надополни со интересна фризура, впечатлив кармин и неодоливо елегантни чевли.