Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот инстаграм -профил објави фотографија на која позира во прегратките на нејзиниот покоен татко Симо.
„Ќерка на тато“, напиша Нина под објавата и додаде емотикон – срце.
„Најголемата љубов на светот“ и „Секогаш во мисла“, напиша пејачката во хаштагови.
Инаку, Нина го загуби својот татко Симо, за кого беше многу приврзана, на 23.08.2014 година, а потоа накратко се повлече од јавноста.
Нејзините следбеници испратија поддршка по објавата и коментираат дека Нина многу личи на нејзиниот покоен татко.
„Татина, копија“, „Тоа е љубов“, „Многу личите “, „Прекрасна фотографија“, се само некои од коментарите под објавата.