По сетот нови фотографии што Нина Бадриќ ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, таа веднаш доби понуда за брак од непознат маж.
Нина Бадриќ објави нов сет на фотографии на кои позира во елегантно издание. Елегантна и со стил, таа го истакна својот шарм и позитивна енергија, поради што собра многу коментари за нејзиниот изглед.
Сепак, една реченица од непознат маж ја насмеа многу. Имено, Нина јавно доби понуда за брак, на која сепак не одговори.
„Омажи се за мене“, гласи коментарот што привлече најголемо внимание.
За помалку од еден час, Бадриќ доби над 5000 „лајкови“, а убавите зборови за поп – пејачката како „убавица“, „убава“, „лејди“ непрекинато се нижеа.