Една од најпознатите „јутјуберки“ во светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Јагер, попозната по ЈуТјуб – каналот „Туторијалите на Ники“, официјално влезе во историјата како трансродово лице кое за прв пат ја добило улогата на презентер на Евровизија, најпрестижното музичко натпреварување во Европа

Популарната „јутјуберка“, која доаѓа од Холандија, минатата година јавно ја призна својата најголема тајна, во видео на ЈуТјуб – дека е трансродово лице.


Убавата Холанѓанка се прослави на социјалните мрежи како шминкерка и фризерка, а нејзиниот JуTjуб-канал „Туторијалите на Ники“, има скоро 14 милиони следбеници. Минатата година таа ги шокираше своите следбеници со своето признание, но доби огромна поддршка од нејзините фанови.

Денес со вас ќе споделам нешто што отсекогаш сакав да ви го кажам, но под мои околности. Ми се чини дека таа можност ми е одземена, затоа си ја враќам својата моќ назад. Нова година е – 2020 година и сакам да ја започнам оваа година со вистина. Не можам да верувам дека ова го кажувам. Родена сум во погрешно тело. Да се сними ова видео од една страна е застрашувачко, а од друга страна вистинско ослободување. Да, јас сум трансродова личност, но на крајот од денот тоа сум само јас, како што вие сте – вие.“

Таа го искористи своето појавување на финалето на Евровизија за да испрати моќна порака, носејќи елегантен фустан на кој доминираа боите на официјалното знаме на трансродовите лица.

Ники со модниот избор сакаше да и покаже на публиката и на светот дека е горда што е трансродова личност и дека е сосема во ред да се чувствувате поинаку.