Судејќи според обидот на Индијката Палвиндер Каур да го „стави принцот Хари зад решетки“, Меган Маркл не била жената со која требал да се ожени принцот, туку таа.
Според девојката од Индија, принцот Хари требало да биде нејзиниот сопруг, барем тој и го ветил тоа пред да се повлече од целата приказна. Каур одлучила да го достави својот случај без адвокат до судот, а како доказ ја приложила нивната наводна комуникација преку е-пошта.
Punjab HC dismisses petition of one Palwinder Kaur who wanted the UK police to punish Prince Harry for not marrying her after making promises on social media.
The judge showed sympathy for Kaur, saying her so-called Prince may be sitting in a cyber cafe of a village in Punjab. pic.twitter.com/sr6BtttePT
— Sonam Mahajan (@AsYouNotWish) April 13, 2021
Таа пред судот изјавила дека дури му испратила порака на таткото на Хари, принцот Чарлс, во која го известила за претстојната венчавка. Сепак, сето тоа го сторила преку социјалните мрежи и секако не се сретнала лично со никој од споменатите членови на кралското семејство.
Без оглед на сè, Каур решила да покрене тужба, а таа побарала од судот да го стави принцот Хари „зад решетки“. Високиот суд во Пенџаб и Харијана не веруваа во нејзината малку нереална приказна.
„Постои голема можност таканаречениот принц Хари да седи во интернет – кафе во селото Пенџаб и да бара зелени пасишта за себе“, објаснил судот.
Дури и ако судот сакал да ја прифати тужбата на Каура, едноставно немал докази за тоа. Според надлежниот суд и покрај документот што го доставила, таа нема докази за тоа. Доказот бил полн со граматички грешки и нејасен. Покрај тоа, е-пораките што ги донела Каур не биле оригинални, а делови од комуникацијата биле избришани или отстранети.
Покрај тоа, лажните профили на социјалните мрежи се скоро стари колку и самите социјални мрежи, а лажните предлози и љубовните измами не се ништо ново.
„Овој суд не наоѓа основа да се справи со овој предлог за тужба и може да покаже само сочувство кон девојчето што ја поднела тужбата затоа што верувала дека таквата лажна комуникација е вистинита“, заклучи судот.