Фудбалската репрезентација замина во Букурешт. Претпладнево од скопскиот аеродром полеатаа за Романија. Владина делегација, на чело со премиерот Заев ги испрати репрезентативците од скопскиот аеродром. Ова доаѓа откако претходно,не му дозволија на Заев да ги посети фудбалерите во хотелот каде што се сместени. Заев го обвини Мухамед Сејдини за ова. Сепак, Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини денеска упататија искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт.