Американската манекенка и инфлуенсерка Оливија Кулпо има скоро пет милиони луѓе на социјалната мрежа „Инстаграм“ – со причина.
Поранешната Мис Универзум и елегантната, нежна модна инфлуенсерка, со доволна доза на сексапил, не престанува да ги маѓепсува и мажите и жените ширум светот.
Списанието „Maxim“ ја прогласи за најубава жена на светот, а не само мажите, туку и жените се согласија со тој избор.
Оливија е родена во 1992 година на Род Ајленд. За време на школувањето, се занимавала и со музика, а во 2010 година станала член на модна агенција во Бостон. Нејзиниот татко е сопственик на бројни ресторани, а пред две години Оливија влезе во семејниот бизнис.
Таа е поранешна Мис на универзумот, но и актерка, ријалити ѕвезда и модна инфлуенсерка.
„Мислам дека нема смисла да се даваат премногу пари за гардероба. Ако нешто ви стои добро, можете да го купите и во поевтина варијанта. Но, затоа секогаш се исплати да дадете повеќе пари за кожна чанта и чевли кои ќе ви дадат дополнителна самодоверба“, во една прилика изјави Оливија додавајќи дека секоја жена треба да има барем еден фустан во својот орман во кој ќе се чувствува убаво.
Без оглед на која генерација ѝ припаѓате, добриот стил на облека од секоја жена може да направи софистицирана, елегантна и смела дама. Но, се разбира, не заборавајте дека ставот и внатрешниот сексапил играат голема улога во сето ова.