Во последно време се повеќе познати дами се одлучија да ја променат бојата на косата. Силните, дречливи и впечаливи бои се во тренд, а меѓу нив најпопуларна е розевата нијанса.

На овој, во моментов водечки тренд, не му одолеа ниту пејачката Шакира (44). Таа се одлучи од русокоса, каква што и е најпозната на јавноста, да ја обои својата коса во розева боја.

Шакира со новиот изглед се пофали и на социјалната мрежа Инстаграм, а мислењата на нејзините фанови беа поделени.

Додека едни беа воодушевени, другите и порачаа да си ја врати старата боја.

На нас да признаеме, ни изгледа многу шик, осмелете се и вие и направете промена на себе!