Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 79 возачи, информираат од МВР.
– Од нив, 33 возила се движеле со брзина поголема од над 50 километри на час од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час од дозволената брзина, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, додават од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.