Откако доби отказ во Чарлтон Атлетик, Меделин Рајт одлучи да заработува пари преку сајт за возрасни, кој самата го отвори. Но, се чини дека ова поглавје во нејзиниот живот сепак се затвота. Таа ќе се врати на фудбалскиот терен.

Таа во изминатите неколку месеци заработуваше преку сајтот со објавување на свои провокативни и секси фотографии и видеа. Месечната претплата за нејзиниот профил преку OnlyFans изнесува 50 долари.

Пред крајот на минатата година, фудбалерката која има 22 години на социјалните мрежи објави видео снимка како пие шампањско и вози скапоцен Ренџ Ровер, поради што заработи отказ во Чарлтон Атлетик. Иако видеото беше брзо отстрането, сепак од клубот јасно и ставија до знаење дека вакво нешто нема да толерираат, па и врачија отказ.

За неколку месеци атрактивната Меделин успеала да собере 100.000 фанови на страницата за возрасни. Сепак, става крај на тоа и преку социјалните мрежи најави дека се враќа на фудбалскиот терен.