На досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, утрово, својот автомобил паркиран пред зградата во која живее во населбата Аеродром и бил запечатен со пур пена.
По ваквиот инцидент Јанчева напиша статус на Фејсбук со кој му се обраќа на новиот градоначалник Тимчо Муцунски, посочувајќи му дека безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена.
Вака ли мои сограѓани во Европа. Со заплашување? Почнавте со чкртање…утрово ова? Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Тимчо Муцунски, безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена,наведува Јанчева на својот профил на Фејсбук.
Засега сторителот на ова дело останува непознат. Од фотографијата која Јанчева ја постави исто така на Фејсбук може да се види дека двете врати на автомобилот, како и хаубата се пополнети со пур пена, цврст материјал кој практично оневозможува да се отворат и вратрите и хаубата.