Ситуацијата во болниците во Калифорнија е крајно хаотична – мртовечниците се пренатрупани, долго се чека за одговор по телефон, кревети се ослободуваат само кога некој пациент ќе почине, и сето ова се случува додека 40 милиони жители се затворени во домовите.
Deaths keep coming at one L.A. hospital as workers weep https://t.co/rb7TECnb0l
— Los Angeles Times (@latimes) January 1, 2021
Едно здравствено официјално лице изјави дека новиот налет на случаи на коронавирус и хоспитализации ги турка болниците во округот Лос Анџелес „на работ на катастрофа“, додека лекар од Санта Клара за Си Ен Ен искоментира дека „ова што сега се гледа не е нормално“.
Бројот на хоспитализации поради ковид-19 во Калифорнија се зголемува секој ден од 7. ноември. Во четвртокот во болничките кревети ширум оваа сојузна американска држава беа сместени речиси 21.500 пациенти, од кои над 4.500 беа на одделенијата за интензивна нега.
– Среде катастрофа сме, изјави директорката на Агенцијата за итна служба на округот Лос Анџелес, Кети Чидестер.
Болниците се соочени со низа предизвици поради недостиг на ресурси и персонал. Чидестер вели дека количеството кислород потребно за секој пациент заболен од коронавирус става „екстремен притисок“ врз болниците, додека им недостигаат и амбулантни возила па луѓето мора се подолго да чекаат да им одговори на повикот Итната служба.
Областа Лос Анџелес во четвртокот со 290 починати го урна сопствениот рекорд на најголем број смртни случаи од коронавирус во еден ден од почетокот на пандемијата, според податоците на окружното Оддление за јавно здравје.
– Кога нема опаѓање во бројот на нови случаи, нашите болници и натаму се пренатрупани, и се повеќе луѓе доаѓаат, истакна директорката на Одделението Барбара Ферер.
Си Ен Ен укажува дека калифорниската Национална гарда ќе излезе во пресрет на канцеларијата за обдукција каде се примаат телата за кои нема место во болниците, како и во самите болници. Околу десетина разладни единици, кои се обезбедени во март во рамките на окружниот план во случај на „масовни фатални случаи“ се сместени во кампус во центарот на градот.
Директорката на одделението за здравствени услуги во округот Лос Анџелес Кристина Гали рече дека ситуацијата во болниците е „на работ на катастрофа“. Си-Ен-Ен наведува дека од 700 медицински сестри прераспоредени да работат во стационарните единици, одделенијата за итна помош и карантините и изолираните кревети. Се користат сите профили на здравствен персонал, а округот и натаму бара дополнителна помош.
Воени тимови на САД од 75 лекари, медицински сестри и друг персонал се распоредени во Калифорнија. Иако ниту една болница во округот Лос Анџелес официјално не прогласи кризна состојба, официјалните лица изјавија дека некои установи воведоа практики кои се дел од грижата во текот на кризни ситуации, вклучително и пренасочување на амбулантни возила кога се пренатрупани.
Ферер предупреди дека трендот со бројот на случаи ќе продолжи и во јануари и дека стотици ќе умираат секоја недела. Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети апелираше луѓето да останат во своите домови.
Во Санта Клара, 70 километри јужно од Сан Франциско, лекарите лекуваат некои критично болни пациенти во одделот за итни случаи, бидејќи нема место во единиците за интензивна нега.
– Често единствено време кога можеме да преместиме некого е кога ќе почине пациент од Ковид. И покрај овие услови, доаѓаме да работиме да го дадеме својот придонес – рече на прес-конференцијата докторот за брза помош Марко Рандако.
Повеќе од 27.200 новозаразени и скоро 430 смртни случаи се регистрирани во Калифорнија во четвртокот. Вкупно, има над 2,2 милиони пациенти и повеќе од 25 000 смртни случаи во оваа земја.
– Она што сега го гледаме не е нормално – рече д-р Ахмад Камал од медицинскиот центар Санта Клара Вели.
Бројот на хоспитализации поради ковид скокна во декември. Според проектот „Трекинг Ковид“, САД во четвртокот поставија рекорд во бројот на пациенти во болниците, кога имаше 125.379. Бидејќи бројот на болнички пациенти се зголеми за повеќе од 25 проценти тој месец, просечниот број на смртни случаи исто така значително се зголеми.
Повеќе од 3.740 смртни случаи од ковид се пријавени во средата, најмногу сметани за еден ден за време на пандемијата и втор ден по ред кога е поставен рекордот, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.
И се чини дека јануари не донесе никакво подобрување. Повеќе од 80.000 Американци би можеле да умрат од ковид во следните три недели, предупредува американскиот Центар за контрола и превенција на болести, додека Си-Ен-Ен наведува дека оваа црна прогноза доаѓа во средината на тековната дистрибуција на вакцини. Експертите велат дека ова се случува побавно отколку што се надеваа и дека вакцините ќе имаат значително влијание само кога ќе бидат широко достапни за јавноста, што може да се случи дури следното лето.
Во Џорџија, бројот на новоинфицирани е двојно поголем отколку во периодот пред шест недели, а Мисисипи и Луизијана имаа најголем дневен број на пациенти во средата. Тексас пријави рекорден број хоспитализации во четвртокот, четврти ден по ред. Округот Лос Анџелес го надмина прагот од 10.000 смртни случаи од Ковид во средата,
– Ова е она од што се плашевме. Сè уште не сме поминале низ најлошото – рече Гарсети.
Според Си-Ен-Ен, Американците примиле 2,7 милиони дози вакцини, а други 12,4 се дистрибуирани низ целата земја, што е далеку од 20-те милиони вакцини што првичните официјални лица ги ветија до крајот на годината.
– Буквално имаме 10 милиони дози на полиците кои чекаат да бидат примени. Потребни ни се масовно организирани вакцинации, на фудбалски стадиони или тркачки патеки – истакна д-р Џонатан Рејнер од универзитетот Џорџ Вашингтон.