Актерката Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, не престанува да воодушевува со својот изглед и челична волја, дури и за време на празниците.

Неодамна зборуваше за мајчинството, како и за тоа како се соочила со сите предизвици откако добила син во 40-тите години, а нејзините изјави привлекоа големо внимание.

Познато е дека во текот на зимата сите се опуштаме, јадеме повеќе и тренираме помалку, но не и Ева. Популарната џебна Венера објави неколку селфиња од својот тренинг и во таа прилика ги покажа своите извајани стомачни мускули, но и лицето без шминка.

„Се надевам дека сите имавте одлична новогодишна ноќ. Одиме силно од првиот понеделник“, напиша таа во описот.

Покрај тренингот, Ева покажа и како го поминува времето со својот син, но ужива и во вино и добра храна. Поради таков тренинг, таа заслужи малку да се опушти.

Познатата актерка е секогаш во вестите поради својот добар изглед, без разлика дали се појавува на црвениот тепих или објавува нешто слично од теретана или некое друго лежерно излегување со семејството и пријателите.

Текстот (Фото) Можете да ја сакате или да ја мразите, но никој не е имун на нејзината совршена фигура е превземен од МАКФАКС.