Малото градче Даргавс во Северна Осетија-Аланија на прв поглед изгледа многу идилично. Во предградието на ова руско село, сместено покрај реката Гизелдон, доминираат интересно обликувани камени куќички изградени во периодот од 14 до 16 век.

Instagram

Подетална анализа на градот открива дека станува збор за некрополи во кои биле погребани неговите жители заедно со облеката и сите други работи што ги поседувале. Стотици гробници биле изградени во препознатливиот стил на нахските народи – некои од само една просторија, а други на четири ката.

Instagram

Станува збор за мистериозно место за кое се раскажуваат многу легенди. Некогаш се верувало дека никој нема да излезе жив од Даргавс, па околното население го избегнувало. Историчарите претпоставуваат дека за оваа приказна е виновна чумата, која го опустошила Даргавс во 18 век.

Изолиран и недостапен

Instagram

Локалното население ги протерало болните жители во камените куќи на ридот од каде што не смееле да излезат до нивната смрт. Токму затоа Даргавс се нарекува град на мртвите.

Instagram

И денес меѓу гробниците можат да се најдат стари монети. Семејствата ги фрлaле од ридот во бунарот и се надевале дека со нив ќе ги погодат камените плочи бидејќи тоа значело дека душата на починатиот член завршила во рајот.

Instagram

Денес Даргавс ретко кој сака да го посети. Но за тоа не се виновни суеверието и локалните приказни, туку фактот дека селото се наоѓа на многу изолирано место. Од Владикавказ, односно главниот град на Северна Осетија-Аланија, потребно е еден час да се вози до ова место по неасфалтиран пат полн со свиоци, кој ги одбива дури и најголемите авантуристи.

Instagram