Бренден Бремер е момчето што светот ќе го запамети како генијалецот што го редефинира значењето на „жртвување за општо добро“.
Генијалец од мали нозе
Роден во 1991 година, Бремер научил да чита на 18 месеци додека ги правел првите чекори. Почнал да вежба пијано на 3-годишна возраст, а основното училиште го завршил на 10-годишна возраст. Средното образование пак, учејќи дома, го завршил за само седум месеци. Неговиот коефициент на интелигенција бил неверојатни 178, па започнал да посетува часови на Универзитетот во Колорадо на 11-годишна возраст.
За жал, приказната на Бремер има преран и неочекуван крај, иако со неверојатно хумана кауза.
Мистериозно самоубиство
Во 2005 година, младиот Бремер неочекувано извршил самоубиство на само 14-годишна возраст, со цел да стане донатор на органи и да спаси туѓи животи. Трагичниот настан се случил откако неговите родители, Пети и Мартин Бремер го оставиле својот 14-годишен син во семејниот дом во близина на Венанго, Пенсилванија, САД, додека купувале намирници. Кога се вратиле, мајката го пронашла Брендон внатре во домот, кој со огнено оружје пукал во сопствената глава. Во тој момент, неговото срце сè уште чукало.
Прво го однеле во блиската болница, а потоа со хеликоптер бил пренесен во градот Денвер, каде бил прегледан од неврохирург. Таму било констатирано дека повредата е голема и ништо не може да се направи за да се спаси младиот генијалец. По смртта, бубрезите на Брендон им биле донирани на двајца пациенти – неговиот црн дроб бил пресаден на двегодишно дете, а срцето на единаесетгодишно момче.
Неговата музика сè уште живее
За време на неговото нетрадиционално образование, интересот на Бренден за музика никогаш не згаснал. Непосредно пред да се самоубие, овој музички генијалец снимил ЦД, кое било компилација од тоа што своевремено го свирел на пијано, а било насловено „Елементи“.
„Копии од ова ЦД има насекаде… низ САД, Јапонија, Хонг Конг. Пациентите болни од рак го користат за терапија. Калуѓерките медитираат на неговите мелодии“, вели неговата мајка Пети за британски „Телеграф“, која го опишува Бренден како среќно дете кое никогаш не било присилувано на ништо во животот.
„Од него научивме многу повеќе, отколку што тој научи од нас… И покрај неговата натпросечна интелигенција, Бренден живееше како и сите други тинејџери. Сакаше кампување, риболов, гледање цртани филмови и играње компјутерски игри. “ – вели Пети, додека пак неговиот татко Мартин Бремер додава дека нивниот син често велел дека би сакал другите да имаат корист од неговата смрт.
„Веруваме дека нешто силно го допрело тој ден и тој одлучи да замине. Тој замина со цел да им помогне на овие луѓе.“ – вели Мартин, осврнувајќи се на децата кои ги примија неговите органи.