Дарија Губанова (34) од Банаул, Русија, почнала да ја расте косата кога имала 14 години како предизвик со пријател за да види кој може да постигне најдолгa коса.
Модерната Златокоса, верувале или не, не ја истрижала косата повеќе од 17 години, а во меѓувреме ѝ пораснала со димензии 172 см.
Тајната на нејзината долга коса? Дарија истакнува дека не постои тајна, туку дека тоа се должи на добрите гени, но најважната ставка е што таа не користи шампони што содржат хемиски состојки.
Редовно прави третмани за коса, а најмногу користи стари рецепти што ѝ ги пренеле нејзината мајка и баба.
Русинката вели дека нејзината коса е здрава и негувана, меѓу другото, благодарение на лененото масло, кое е многу корисно за одржување на косата, а воедно и го подобрува нејзиното растење. За да ја одржува долгата коса здрава, Дарија посетува фризер, но само за да ги скрати краевите.
Очигледно е дека Дарија вложила голем напор за да ја пушти косата да порасне до тој степен. Со оглед на тоа што косата расте во просек околу еден сантиметар месечно, што значи дека расте околу 12 сантиметри во рок од една година.
Се разбира, косата на секоја личност не расте еднакво брзо/бавно. Исто така, треба да се земе предвид дека косата не опаѓа кај секоја личност со ист интензитет.
Поради својата долга, но изненадувачки здрава коса, Дарија има повеќе од 184.000 следбеници на својот инстаграм-профил (@dashik_gubanova).