Легендарниот холивудски актер Ал Пачино (80) е фотографиран при својата ретка прошетка во јавноста кога неодамна се пријавил во хотелот „Хилтон“ во Беверли Хилс.
Имено, славниот актер е фотографиран за првпат откако тој заспа за време на „Zoom“ преносот од доделувањето на Златните глобуси, а тоа видео стана вирално.

Актерот сега бил фотографиран во црна маица, темно сини панталони и црн дуксер, а на себе носел и црни патики. Во рака го држел својот мобилен телефон и преносливиот полнач, а кога седнал во автомобилот тој ги ставил своите кафени винтиџ очила на лицето.

Пачино во последно време речиси целосно оседел, а иако има 80 години тој се уште е многу активен на филмските случувања. Но, староста и годините сепак си го направиле своето, па така Ал Пачино денес не ни наликува на моќниот Корлеоне кој го глумеше одамна.

По речиси две години забавување со израелската актерка Мејтал Дохан (41) таа за магазините изјави дека раскинала со познатиот актер поради преголемата разлика во годините.
„Тешко е да се биде со така стар човек, па дури тоа да биде и Ал Пачино“, изјави тогаш актерката која додаде дека тој воопшто не бил љубител на трошењето пари и дека и купувал само цвеќе.