Денеска ја завршив мојата граѓанска, но и лична должност и одговорност – се вакцинирав овде, во Вакционалниот пункт во Куманово. Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против ковид-19 денеска во Куманово.
Министерот Спасовски изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10% од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација. Во однос на вакцините, министерот Спасовски истакна дека без разлика која вакцина ја примаме, имунизацијата е единствен начин да се спречат тешки форми на ковид-19 и фатални последици.