Претседателот на Собранието Талат Џафери му испратил допис на Христијан Мицкоски дека не е прифатена иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Законот за попис.
Дописот од Џафери го објави Мицкоски на својот Фејсбук профил, каде го пречкрта терминот „Северна“ и напиша дека владиното мнозинство не ја прифатило иницијативата.
-На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, пишува Мицкоски.
Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 9 February 2021