Од денеска почна вакцинацијата против Ковид 19 без термин, а медицински тимови вршат вакцинација на терен на постари лица. Како што информираше министерот Венко Филипче медицински тимови од Здравствен дом Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. ЗД Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли.

-Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата. Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, вели Филипче.