Манекенката никогаш не се грижела за тоа како ќе ја „уловат“ папараците за време на нејзиниот деловен ангажман или на прошетките по улица. Таа често сака да го покажува своето тело на социјалните мрежи, без оглед на нејзината тежина…
Криси Тајген има 35 години, има кариера како модел/манекенка, успешен брак со музичарот Џон Леџенд, две деца и сигурност во своето тело.
Оваа жена едноставно го обожава својот изглед. Нема друго објаснување за нејзините бројни фотографии на кои е разголена, без разлика дали станува збор за случајна или намерна фотографија.
Некои би рекле дека носи ризични фустани кои откриваат премногу, додека други мислат дека нејзиното тело едноставно не сака да биде облечено.
Во секој случај, Криси ги обожава своите облини и често објавува топлес фотографии на социјалните мрежи, додека е општо познато дека таа никогаш не носи долна облека на црвениот тепих.