По поразот од 3:2 од Романија на стартот од квалификациите за пласман на СП, македонската фудбалска репрезентација утре вечер игра против Лихтенштајн. Секако дека од овој меч се очекува победа, бидејќи во секој сегмент Македонија е фаворит. Лихтенштајн стартуваше со пораз од Ерменија на домашен терен од 1:0.
Македонија досега честопати имаше прилика да ги одмери силите со селекцијата на Лихтенштајн. Меѓусебно имаме одиграно 9 натпревари во неколку различни квалификациски циклуси. Македонија е со позитивен баланс без пораз, напротив со 8 победи и 1 нерешен резултат. Вкупната гол разлика е 33 постигнати и само 5 примени голови.
Највисоката наша победа е токму против Лихтенштајн на гостински терен, натпревар одигран на 09.11.1996. Крајниот резултат беше 1:11!
Натпреварот се игра утре во Скопје со почеток во 20:45 часот.