Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Амстердам и го одработи првиот тренинг пред натпреварот со Холандија.
Момците кои го понесоа поголемиот товар на вчерашниот меч со Украина беа поштедени на денешниот тренинг во обид да се рекуперираат и што подобро да се подготват за следниот натпревар.
Последниот меч на турнирот за Македонија е закажан за в понеделник во 18:00 часот. Противник ќе ни биде Холандија, која веќе обезбеди пласман во осминафиналето, па сигурно ќе сака да сочува сили.
Македонија остана без шанси за пласман во осминафиналето, додека Холандија веќе ја грабна посакуваната виза за втора фаза.