Адам Драјвер и Лејди Гага беа фотографирани за време на снимањето на првите сцени за новиот филм „Gucci“, во режија на Ридли Скот.

Profimedia
Profimedia

Фотографиите од папараците се направени во мал град во Италија, каде Лејди Гага допатува од Рим.

Profimedia
Profimedia

Првично беше фотографирана на крајот на февруари, поради новата боја на коса. Како бринета пејачката се појави пред фановите низ улиците во италијанската престолнина.

Profimedia
Profimedia

Таа ќе ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „ Gucci“. Патриција попозната под прекарот „црната вдовица“ поминала 18 години во затвор затоа што го ангажирала професионален убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.