Пејачката го прослави 35-от роденден и се пофали со подарокот од своето момче, претприемач и ИТ гениј Мајкл Полански, кој пристигнал во Италија, каде што пејачката го снима филмот „ House of Gucci“.
– Кога момчето ќе ти ги испрати сите цвеќиња во Рим за твојот роденден. Те сакам, душо! Едвај чекам да бидам дома со тебе и нашите кучиња, тоа е сè што ми треба, напиша Гага покрај фотографијата што ја сподели на својот инстаграм – профил, а на која го прегрнува џиновски букет ружи.
Фановите упатија бројни честитки до славната пејачка по повод нејзиниот роденден, а дел од нејзините следбеници и порачаа да го чува своето момче бидејќи е многу романтичен и внимателен.
Инаку, Гага и Мајкл се во врска од крајот на 2019 година и честопати папараците ги забележуваат заедно во јавноста. Нивната врска се чини дека е многу сериозна, а во април минатата година, пејачката изјави дека тој е „љубовта на нејзиниот живот“.
Мајкл дипломирал на Харвард и неговите средства се проценуваат на 600 милиони долари. Тој е извршен директор на деловната група Паркер, која се занимава со истражување на ракот, а притоа е голем филантроп.