Месечината, вчеравечер го воодушеви светот нудејќи спектакуларна глетка. Овојпат видовме супермесечина, затемнување на Месечината и црвена месечина одеднаш.
„Крвава“ месечина, инаку позната како целосно затемнување на Месечината, обично се јавува за време на Супер Месечина, кога Земјата е поставена директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.
Во која било друга ноќ, Месечината добива директна светлина од Сонцето, но во оваа посебна ноќ, Месечината се префрла во најтемниот и најцентралниот дел на сенката на Земјата.
Наспроти верувањето дека ова би предизвикало Месечината да стане целосно темна, таа е осветлена од индиректна сончева светлина. Тоа резултира во морничава црвена боја, а оттука и името „крвава“ Месечина.
Супер Месечината синоќа беше поголема од вообичаено, бидејќи ќе биде најблиску до Земјата.
Таа исто така се нарекува и „цветен месец“ поради изобилството на цвеќиња што цветаат на Земјата во тоа време.