Изгорени куќи, автомобили, други објекти, цела шума, накусо апокалиптични слики од Кочани. Ова се сликите по синоќешниот пожар кој гореше над градот Кочани, а кој зафати и дел од куќите.
Според последните информации пожарите кои вчера избувнаа на повеќе локации низ земјава, во текот на ноќта се локализирани, но и натаму се активни и не е отстранета опасноста од нивно разгорување и проширување. На терен се противпожарни екипи со возила и механизација, припадници на Армијата, на Дирекцијата за заштита и спасување, и граѓани кои помагаат.
Пожарот во Кочани кој се закануваше на градот е локализиран и ставен под контрола, но се уште е активен. Сега, гори во планинскиот предел во планинските села, каде што теренот е тешко достапен.