Додека старлетата и раперот се во процес на развод, се шпекулира дека Ким Кардашијан веќе има ново момче, а нејзиниот сè уште легален сопруг, Канје Вест, бил фотографиран со бурмата на рака.

Имено, диџеј Калед на Инстаграм објави фотографија на која Канје позира со кренати раце, додека прстенот јасно се гледа на неговата рака, што предизвика бројни реакции во јавноста.

„Дали забележавте дека тој сè уште го има прстенот?“, „Канје ја носи бурмата, кутриот“, „Ким има момче, а тој ниту бурмата не ја симнува“, „Канје се надева дека ќе се смират“, „Канје, извади го прстенот, не се срамоти“, се дел од коментарите.

Од друга страна, Ким не го носи венчалниот прстен веќе подолго време, а странските медиуми пишуваат дека таа започнала врска со репортерот на Си-ен-ен, Ван Џонс (52), иако сѐ уште не се развела официјално.

Ким и Ван се со години блиски пријатели, но нивната наводна врска ја подели јавноста. Некои велат дека прво го користела Канје за да напредне во модниот свет и да заработи милиони, а сега го користи Џонс за да напредне во правните кругови.

Фото: Профимедиа

Озборувањата за нивната врска започнаа кога Синди Адамс, колумнист од „Њујорк пост, открила дека слушнала приказни за нивната наводна романса.

Некои корисници на Твитер ја обвинија Ким дека го користи Џонс за да ѝ помогне во нејзината идна адвокатска кариера. Ким и Ван, во 2018 година, ги здружија силите за успешно да ја извадат од затвор Алис Џонсон, која беше помилувана од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Ван е самец веќе извесно време, откако се разведе од долгогодишната сопруга Џејн Картер во 2019 година. Ким поднесе барање за развод од Канје Вест во февруари оваа година, по шест години брак и четири заеднички деца.