Како и секоја година, светот и овој пат со нетрпение очекуваше британското кралско семејство, поточно Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да ја објават фотографијата за божиќната честитка од нивното среќно семејство.

Фотографијата и овој пат ги освои сите, а иако во поголем број од случаите главна ѕвезда во ова семејство е принцезата Шарлот, овој пат тоа место ѝ го „одзема“ помладиот брат, принцот Луис.

Најмладите членови на семејството од Кембриџ, принцовите Џорџ (7) и Луис (2) и принцезата Шарлот (5) и овој пат го украдоа целото внимание на официјалната божиќна честитка која ја сликаше фотографот Мат Портеоус на нивниот селски имот во Норфолк – „Anmer Hall“.

Како што напиша нивниот портпарол во објавата „Војводата и војвотката од Кембриџ со радост ја споделуваат новата фотографија од нивното семејство, која оваа година се најде на божиќната честитка“.

Петчленото семејство позира во удобни, топли џемпери, седнати на бали од сено, додека зад нив се наоѓаат исцепени дрва. Сето тоа ѝ дава посебна магија на фотографијата.

Принцот Луис сепак испадна највпечатлив, освојувајќи ги срцата на публиката со својата палава насмевка.

Честитката официјално е отпечатена и испратена со сите кралски семејства, пријатели, како и високи државни функционери од целиот свет со кои кралството редовно комуницира.

Освен Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, божиќна честитка објавија и принцот Чарлс и Камила, кои на фотографијата позираа на дрвена клупа во градина преполна со цвеќиња.

Преземено од Еспресо.мк