Во последните години две девојчиња се прогласуваа за официјално најубави во светот – Французинката Тиен Блонду и Русинката Кристина Пименова. Но, оваа титула веќе извесно време е „во рацете“ на друго синооко девојче.

Пред извесно време оваа титула ја „презема“ Русинката – Анастасиа Књазева (9), која е прогласена за „најубавото девојче на светот“.

Поради своите продорни, големи и сини очи, Анастасиа многу потсетува на порцеланска кукла и веќе неколку години наназад гради успешна кариера како модел.

Таа на Инстаграм има 1,3 милиони следбеници, а досега работела и со многу модни компании за детските брендови.

На фотографиите изгледа преслатко и токму како жива кукла, а оние кои работеле со неа велат дека е многу природна пред камерите и дека позира како возрасна личност.

Профилот на Анастасиа на социјалните мрежи го води нејзината мајка Ана, а малечката убавица веќе ја нарекуваат „чудо од дете“ и и предвидуваат уште поуспешна кариера.