Моментно со видео технологијата која ја користи во текот на натпреварите, сезонава во генералниот пласман води Атлетико Мадрид со 32 бодови, колку што има и Реал Мадрид на втората позиција, следуваат Реал Сосиедад и Виљареал со по 26.
Екипата на Диего Симеоне игра феноменално во само 13 одиграни натпревари, остатокот од лигата има еден или два мечеви повеќе, освен Севиља и Елче кои исто така имаат 13 натпревари, а Реал Соседада запиша веќе 16.
Многу се зборуваше за „ВАР“ во овој дел од сезоната. Тие беа особено гласни од Реал Мадрид и Барселона, па весникот „АС“ одлучи да провери каква би била табелата во шпанската „Ла Лига“ доколку не се користи овој систем.
И во таков случај би немало големи промени, Атлетико и натаму би бил прв со ист број на бодови, додека „кралевите“ и Каталонците би имале по два бодови помалку.
На лева страна се гледа табелата со ВАР, а на десната табелата без ВАР: