Тенисерката наскоро ќе застане на лудиот камен со избраникот Александар Гилкес.
Славната руска тенисерка Марија Шарапова ужива во среќната врска со англискиот милионер Алекдандар Гилкес, кои неодамна на социјалните мрежи објавија дека се верија, а сега убавата Маша го покажа и скапоцениот веренички прстен.
Откако ја раскина веридбата со словенечкиот кошаркар со српско потекло Саша Вујачиќ и сериозната врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, убавата Маша заплови во врска со англискиот милионер Александар Гилкес.
И судејќи според се тој е оној кој ќе ја одведе пред олатарот. А кога станува збор за вереничкиот прстен, погледнете го….
Станува збор за скапоцен дијамантски прстен кој вреди 300.000 фунти, наведуваат англиските медиуми.
Марија на своите следбеници на Инстаграм им го покажа прстенот, известувајќи ги истовремено дека донела одлука во новата година да ја заврши професионалната кариера.