Една недела откако го роди своето второ дете, Пипа Мидлтон веќе ужива во нејзините први семејни прошетки и иако новороденчето очигледно ја исцрпува, таа не ја трга насмевката од лицето.
Имено, помладата сестра на британската војвотка Кејт Мидлтон, пред само неколку дена, стана мајка по вторпат. Со нејзиниот сопруг Џејмс Метјус (45), богатиот британски бизнисмен, ја доби ќерката, која ја нарекоа Грејс Елизабет Џејн, а деновиве за прв пат ја изнесоа и на прошетка.
Среќната мајка не успеала да се нашминка, а црните подочници откриваат дека таа долго време поминува будна со бебето, но сепак насмевката кажува повеќе од зборовите. Нема сомнение дека Пипа ужива со семејството кое го чува подалеку од медиумите, иако понекогаш и е тешко, со оглед на нејзината блиска врска со кралското семејство. Нејзиниот двегодишен син Артур и малата Грејс се најблиските роднини на децата на Кејт Мидлтон, идниот британски крал, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и малиот Луис.
Но, ниту Пипа не е без титула. Имено, нејзиниот сопруг, инаку претседател на хеџ фондот „Eden Rock s“ , со кого живее во луксузна куќа во областа Челси во Лондон, е носител на шкотската титула Лорд од Глен Африка. Не е титула која носи репутација, ниту може да се спореди со оние на нејзината сестра или внуците, но ги рангира во повисоките слоеви на британското општество. Но, со титули или не, најмалите сепак бараат голема нега, а во тоа добро се покажа нивната баба Керол Мидлтон, која веќе има пет внучиња и која ги носи внуците во паркот, готви за нив, игра со нив и се обидува да им обезбеди нормално детство.