Актерот реши заедно со своето семејство да се пресели од Лос Анџелес…
Познатиот актер Мет Дејмон одлучи да замине од Лос Анџелес и да ја продаде својата луксузна вила за 21 милион долари.
Филмската ѕвезда го продава својот имот во познатиот Пацифик Палисад, кој во 2012 година го купи за 15 милиони долари.
Имотот има околу половина хектар, а куќата повеќе од 1.000 квадратни метри со сите погодности кои може да ги има еден холивудски дом на позната личност.
Во вилата има 7 спални соби, 10 бањи, базен, теретана, сауна, центар за масажа, вински подрум у уште многу други нешта. Во дворот се наоѓа и езеро со риби, за кои се вели дека носат среќа. Ентериерот е уреден во бохо стилот, со елегантни примеси.
Според информациите на еден агент за недвижнини, Дејмон планира со сопругата Лусијана Баросо и четитите деца да се пресели во пентхаус во Бруклин Хајтс во Њујорк, кој го купил за 16 милиони долари.
Погледнете ги фотографиите од неговиот луксузен имот кој е ставен на продажба…