Игор Тоскоски, не размислува за пензионирање, откако се реши да потпише нов договор со германскиот нисколигаш Аполда.
Тоскоски е поранешен голман на екипата на Пелистер, кој пред неколку години дојде во Германија и стана еден од милениците на составот на Аполда.
42-годишниот чувар на мрежата од Битола веќе шест години е дел од германскиот нисколигаш, а благодарение на неговиот одлични настапи, повторно ја доби довербата од клубот.