Иако дигиталната уметност не преставува новост во светски рамки, се чини дека во нашата земја таа се развива зад врати заматени од верувањето дека доколку не е традиционална уметност – не може ниту да се нарече уметност.

Ова сфаќање може да се промени доколку ѝ се даде простор и време на дигиталната уметност да се покаже во вистинското светло, а овие 6 талентирани девојки кои несебично ја споделуваат своја страст за дигитално цртање, се доказ дека оваа техника е гладна, но и вредна за внимание.

Сара Стаменковиќ

Сара Стаменковиќ (@aarensara) е студентка која веќе 4 години се занимава со дигитално цртање, и верува дека нејзиното хоби има потенцијал да прерасне во професија. Својот стил го опишува како „полуреализам“.

 „Најзначаен извор на инспирација ми се стриповите, видео игрите и други илустратори. Секоја илустрација е инспирирана од личност во мојот живот, некоја слика, поема, лик или од моја емотивна состојба.“, вели Сара и додава дека честопати се води според изреката што ја слушнала од својот професор, „Талентот е еден процент, додека сѐ друго е вложениот труд“.

 „Една препрека која сум сигурна дека секој уметник барем еднаш ја има искусено, е помислата дека стагнира и нема никаква прогресија. Кога се чувствувам така, правам ретроспектива на моите цртежи и кога гледам колку сум се подобрила, ме мотивира уште повеќе да се усовршувам.“, вели таа.

Иако според Сара, уметноста во целина е потценета дејност, таа е среќна што сѐ почесто забележува локални илустратори и поголема заинтересираност за дигиталните уметности. Нејзиното искуство покажува дека побарувачката од странство ја надминува локалната, но таа сепак останува оптимистична и верува дека тоа ќе се промени.

ИВАНА МАРТИНОСКА

Ивана Мартиноска (momoghoulx.art) по професија е софрверски инженер, но цртањето ѝ е хоби уште од најмала возраст. Иако константно експериментира со стилот, во моментов Ивана се фокусира на „слаткиот“ стил кој се карактеризира со нереална човечка анатомија претставена со овални линии и форми, живи бои, нагласени контури и специфични карактеристики на лицето како густи веѓи и руменило на образите.

„Најмногу сум инспирирана од луѓето кои ме опкружуваат во секојдневието, моменталните чувства и емоции, природата, вибрантните бои, омилените филмови, цртани, книги...“, вели таа и додава дека цртањето за неа лично претставува вид на терапија, па затоа и цели кон тоа да ја пренесе својата позитивна енергија и да го подобри расположението на оној кој ги гледа нејзините дела.

Ивана е восхитена од фактот што сѐ повеќе локални млади уметници покажуваат извондредни и претпознатливи способности, но забележува дека би сакала да се подобри начинот на кој што се перцепира дигиталната уметност. Иако ретко црта за клиенти, таа забележала дека странските го наградуваат трудот многу повеќе.

Луѓето често знаат да повеќе да ја ценат традиционалната уметност, но и двата вида бараат подеднаков вложен труд, креативност, способност, време и енергија“, вели Ивана и ги посочува следните артистки како голема инспирација: @rosieart_ , @stanoeska_s , @artistic.differences, @ivadoodles, Yuumei, Ilya Kuvshinov, Novoduce, Mumuco, Zipcy, Bea Muller, итн.

Тамара Забазноска

Тамара Забазноска (@kiln.ka) e дипломиран архитект којa пред да започне професионално да се занимава со илустраторство, таа одреден период работела во полето на својата струка. Нејзините архитетски познавања се најмногу истакнати во делата кои ги работи со клинци на медијапани во доменот на современата уметност, а во илустраторството, таа вели дека е во потрага на естетиката на несовршеното.

И во двете области сакам да дадам силен израз и емоција на самата линија и тек на мисла. Моментално го истражувам доменот на хиперреалистичната илустрација, но љубовта кон црното мастило на хартија ми е основа на секој цртеж“, вели Тамара за својата работа и стил, потенцирајќи дека инспирацијата за своите дела, таа ја наоѓа во околината, емоциите, митологијата, во обичен предмет, технологија, разговор.

Талентот, Тамара го опишува како моќна алатка во делот на чудесноста на човечкиот умч координатен систем кој ја движи линијата, и како таков, тој бара постојано да е нахранет. По долго учење и експериментирање, талентот може да навлезе и во сосем нов координантен систем.

Чувството е прекрасно, бидејќи е возбудливо, но истовремено и застрашувачко. Но, секогаш носи кон одреден пат низ кој сфаќам дека кога цртам одредено дело станувам тоа кое на делото му е потребно“, вели таа.

Тамара забележува дека во Македонија постојат голем број цртачи и илустратори од кои учела и сѐ уште учи, но вели дека недостасуваат собири каде тие би можеле да ги претстават своите дигитални дела. Според неа, интересот за дигитална уметност во Македонија постои и расте сѐ повеќе, иако за сега повеќето нејзини клиенти се од странство.

Ивана Атанасовска

Ивана Атанасовска (@i.aatanasovska) е графички дизајнер, чие слободно време е посветено на лични пректи. За себе вели дека гаи афинитет кон повеќе стилови и теми на цртање, како „поп арт“, „cartoony“, „anime“ и „графички“, но најмногу се фокусира на хиперреалистични портрети со суреалистични детали.

Главната инспирација, Ивана ја наоѓа во фотографии и дела на други уметници, а тој процес најчесто вклучува собирање на повеќе референци и правње колажи сѐ до оној момент кога ќе добие слика за она што сака да го нацрта.

Како дете, секојдневно ги слушав тие зборови ти си талентирана, но секогаш следуваше ама“ – „ти си талентирана, ама нека ти остане хоби, цртање е за деца“; „ти си талентирана, ама ако се запишеш на уметничко ќе живееш под мост“; „ти си талентирана, ама камо да те биваше математика како паметните деца, вели Ивана и додава Ова би била голема демотивација за многу деца, ама јас сум инает. Сакам народот да види дека со уметност можеш да постигнеш сѐ како и со нормална професија, а и многу повеќе.

Кога станува збор за технологија, Македонија е сѐ уште многу назад, забележува Ивана.

„Сепак, новите генерации сѐ повеќе покажуваат интерес за дигиталната уметност, па така сметам дека за некоја година овој тип на уметност ќе биде нормализиран. вели таа и посочува дека најчесто работи за странски клиенти, затоа што македонската публика не е подготвена да плати доволно за дигитална, па ниту за „било кој топ на уметност“.

Марија Смиљевска

Марија Смиљевска (@badziiedraws) се занимава со графички дизајн речиси 3 години, а работата ѝ помогнала да се поврзе со нејзината прва љубов – цртањето.

„Илустрацијата ми е хоби, понекогаш наоѓам некои проекти поврзани со тоа или добивам нарачки, но воглавно ми е хоби и најискрено не ми пречи тоа бидејќи го правам за да се опуштам кога не ми се прави ништо друго и можам да ги правам ,,на раат без брзање, без притисок и по моја желба.“,  вели Марија која својот стил го опишува како златна средина“ помеѓу „cartoony“ и „realistic“.

„Најзначаен и главен извор на инспирација моментално ми се луѓето.“, вели таа и додава „Покрај тоа ме инспирираат и емоции – мои и на другите луѓе.“ Како голема инспирација, Марија ја одвојува и Alicja Nai, илустраторка од Полска. Наедно додава дека Македонија изобилува со прекрасни дигитални уметници, а со дел од нив, таа се запознала преку Инстаграм.

Искуството на Марија покажува дека иако постои интерес за дигитална уметност, најчесто се очекува да е бесплатна, а споредбено со локалните клиенти, поголем интерес добива од клиенти во странство.

Розе Стојовска

Розе Стојовска (@RosieArt_) е самоука уметница, која минатата година решила повеќе да се посвети на љубовта кон дигиталната уметност. Она што започнало само како профил за споделување уметност со семејството и блиските, денес е нејзино професионално портфолио.

Што се однесува до мојот стил, никогаш нема да се ограничам со рамка и секогаш се стремам да менувам елементи во стилот со цел да се надградувам, но ако треба да го опишам со неколку збора би било detailed cartoonish illustrations., вели Розе и додава дека најчесто се инспирира од убави и слатки нешта, а многу често и луѓе, како и пастелни и живи бои кои отсекогаш буделе убави емоции кај неа. Талентот го користам како алатка со која преку својата уметност би пренела позитивни чувства и насмевки кај луѓето и сакам да инспирирам мали уметничиња да си ги следат своите соништа., вели таа.

Според Розе, предноста на дигиталната уметност е фактот што публиката не познава географски рамки. Сепак, таа забележува дека:

Кај нас сѐ уште не се целосно навикнати луѓето на дигиталните форми на уметноста, па затоа и не е така секојдневно како во другите земји. На идните илустратори им препорачувам да не се ограничуваат ниту со стил, ниту со локална публика, туку да остават самите нивни идеи да ги водат низ креативниот процес и да се стремат кон квалитет., советува Розе, посочувајќи дека нејзиното искуство и донело повеќе странски клиенти отколку македонски. Според неа, интересот за дигитална уметност во Македонија не се вреднува доволно.

Сара Стаменовиќ – https://www.instagram.com/aarensara/

Ивана Мартиноска – https://www.instagram.com/momoghoulx.art/

Тамара Забазноска – https://www.instagram.com/klin.ka/

Ивана Атанасовска – https://www.instagram.com/i.aatanasovska/

Марија Смиљевска – https://www.instagram.com/badziiedraws/

Розе Стојовска  – https://www.instagram.com/rosieart_/