Министерот Венко Филипче фо посети младиот Иле, на кого му беше пресадено срцето на Верица, која како што е познато е донор на органи откако подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа.
-Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради.
Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство, порача Филипче