Пријателството на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и сегашната, Џил Бајден, трае со години.Тие станале уште поблиски кога Барак Обама стана претседател, а Бајден потпретседател.

За да ѝ се заблагодари за сѐ, Џил Бајден сега на својата пријателка ѝ испратила уникатен подарок, корпа полна со зеленчук – и тоа не каков било!

Instagram
Instagram

Уште во 2009 година, во зеленчуковата градина во Белата куќа, Мишел Обама засадила разновиден зеленчук и токму од таа градина сегашната прва дама на САД, Бајден ги собрала плодовите и ѝ ги испратила на својата пријателка во знак на благодарност.

Instagram
Instagram

Мишел Обама на својот официјален инстаграм-профил сподели фотографија од подарокот и и се заблагодари.

Те сакам Џил!“, напиша таа во описот на фотографијата.

Instagram
Instagram

Поранешната прва дама не можеше да ја сокрие среќата за зеленчукот што го добила, бидејќи и самата поминала многу време во градината, која е дел од јужниот тревник на Белата куќа. Тоа е зеленчукот што се одгледува таму и се послужува на првото семејство на САД и гостите кои доаѓаат во посета на Белата куќа.

Подарокот не патувал далеку и се стигнало свежо, бидејќи семејството Обама моментално живее само неколку километри од Белата куќа, во областа Калорама во Вашингтон.

Instagram
Instagram

Се чини дека Џил Бајден одлучила да ја искористи својата улога како прва дама, заблагодарувајќи им се на сите што ги смета за важни во нејзиниот живот.

Затоа, неодамна на припадниците на Националната гарда им однесе колачи во знак на благодарност на нивната посветеност која ја покажуваат, особено за време на немирите што се случија во Конгресот и периодот потоа.