Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.
Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.
„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.