Војвотката од Кембриџ вчера го посети музејот Викторија и Алберт во Лондон, чии врати беа отворени за сите посетители по долгиот локдаун поради пандемијата. Кејт им соопшти на Британците дека сега е вистинското време да ја посетат оваа културна институција, со оглед на тоа што во овој период нема да има „туристи“, што ретко се случува.
Кејт Мидлтон уште еднаш беше беспрекорно стилизирана, овојпат во нова креација со потпис на луксузниот бренд „Алесандра Рич“. Цената на оваа креација е дури 1.565 фунти, а убавата 39-годишна девојка реши да не штеди на чевли, па затоа се одлучи за салонки на „Џенифер Шаманди“изработени од превртена кожа, кои вредат неверојатни 550 фунти.
Кејт комбинацијата ја заврши со едноставна, мала црна плик-чанта, дискретни златни обетки и низок ѓердан од кој не се одделуваше последните месеци.
Овој кариран фустан со средна дожина, ракави со волумен и црни копчиња, се карактеризира со необичен крој кој ја следи линијата на телото до колковите, а потоа се шири во плисирана форма.
Кејт е витка и висока, па секој крој ѝ стои беспрекорно. Но, од друга страна, голем број луѓе на британските портали и социјалните мрежи тврдат дека Кејт станува сè потенка и дека ги изгубила женските облини.
„Изгледа крајно нездраво“, „Послаба е од кога било, веројатно поради стресот околу Хари и Меган“, „Идната кралица на Велика Британија ќе умре од глад пред сите нас“, „Загрижувачки слаба“, „Таа е толку слаба, а овој фустан само го истакнува тоа“, се само некои од илјадниците коментари.
Во продолжение погледнете ги ексклузивните фотографии: