Златан Ибрахимовиќ по поразот и дербито од Интер во неделата доби награда која никој не ја сака. Имено, во Италија неколку момчиња измислиле награда која се вика „Златен тапир“ и која се доделува на познати личности, па и политичари, кои имале тешка недела зад себе и не успеале да направат нешто важно иако тоа сеочекува од нив. Сега таа награда замина во рацете на Ибра.
-На следниот натпревар ќе одам со овој „Златен тапир“, можеби носи среќа, изјави на шега Ибрахиновиќ.
Секако, Швеѓанецот ја прифати оваа награда со многу љубезност, иако во минатото некои фудбалери и тренери знаеле бурно да реагираат.