Овој период од годината е резервиран за празниците, прекрасните Божиќни елки и украсени домови. Многумина веќе почнаа да покажуваат по некој дел од својата креативност потврдувајќи го фактот дека покрај сè што ни се случи оваа пандемиска година, сепак сите ја испраќаме на ист начин, со многу светкави сијалички, лампиони во сите бои и надеж дека новата година ќе биде подобра.

Како и обичните луѓе, така и нашите познати и јавни личности се обидуваат да ги израдуваат своите обожаватели и пријатели споделувајќи фотографии од своите украсени домови и да покажат како се подготвуваат за претстојните празници.

И нашиот пејач Ламбе Алабаковски кој заедно со својата сопруга Магдалена и синовите Михаил и Димитриј веќе некој период живее во Америка ги израдува своите пријатели и обожаватели со празнични фотографии.

Instagram

Иако тој веќе одамна не е присутен на музичката сцена, неговиот хит „Море од солзи“ го памтиме сите. Ламбе е активен на социјалните мрежи каде понекогаш споделува моменти од неговиот приватен живот.

Instagram
Instagram

Тој на својот профил на Инстаграм објави фотографии од неговите синови кои позираат пред прекрасната Божиќна елка која ја „чуваат“ две фигури на Дедо Мраз.

Instagram
Instagram

На фотографијата се само Димитриј и Михаил, веројатно Ламбе бил задолжен за фотографиите а сопругата Магдалена аранжманот.