Навивачите на Интер се лути на Ромелу Лукаку, откако во Италија излегоа информации дека не бил клубот кој инсистирал на негова продажба, туку неговиот менаџер, па и самиот играч изразил желба да замине во Челзи, кој му понудил 12 милиони евра годишно, двојно повеќе од она што го добива во Милано. Интер, успеа да добие висока сума, 115 милиони евра, исто така речиси двојно повеќе од она што плати за него.

Лукаку две сезони мина во Интер, а по само една сезона стана миленик на навивачите. Тие му направија и мурал во Милано, го нарекоа „Крал на Милано“, но по новите информации се чини дека фановите му се лути. Вчера го уништија неговит мурал, тој веќе не е „крал на Милано“.

Навивачите на Интер му порачаа
– Ромелу, очекувавме поинакво однесување од тебе…Ти ни покажа дека си како сите, кои клекнуваат за пари, ти посакуваме се најдобро иако алчноста не секогаш се исплатува.