На прагот на седумдесетите години, актерот е среќен и заљубен…

Актерот Дејвид Хаселхоф (68) овие денови живее мирен, пензионерски живот, шетајќи низ Калабасас, фатен за рака со сопругата Хајли Робертс (41), а пред дваесет години, тој без телохранител не смееше да се појави на улица – поради неговата преголема популарност.

Во 2000-те не постоеше жена која не воздивнуваше по моќниот чувар на плажата Мич Бјукенон, кој го слумеше Дејвид. Токму во тоа време актерот го поврзуваа со бројни млади жени и заводнички од Холивуд.

Фото: Профимедиа

„Долго време сметав дека не е добро да се оженам со Хaјли бидејќи сум толку постар од неа. Не сакав да и ја земам младоста, возбудата која ја носи заедничкиот живот, стареењето и децата. Заедно сме околу седум години и толку убаво си поминуваме. Сфатив колку ја сакам и колку ние всушност станавме неразделни“, изјави актерот.

Парот е во брак од 2018 година, а се венчаше во Италија.

Фото: Профимедиа

Дејвид и Хајли се запознале во 2011 година, кога тој работеше на шоу програмата „Ти имаш талент“. Додека тој се шетал низ улиците, Хајли му пришла со желба да се сликаат. Таа тогаш работела како продавачка во локална продавница.

Актерот има две ќерки кои се малку помлади од неговата трета сопруга: Тејлор (30) и Хејли (27).