Мали слатки станови, мислите дека немате доволно простор? Се лажете – доколку знаете како да ги уредите, тие можат да ви го обезбедат комфорот, удобноста и стилот истовремено.
Малите станови се проблематични од аспект на простор, но со посветеност и убаво планирање, можете да ги направите фини местенца за живеење.
Се што треба да направите е убаво да го испланирате и уредите секое ќоше во вашиот дом и да го искористите до максимум.
Ние ви нудиме неколку идеи кои можат да ви бидат од голема корист, слободно „украдете“ ги!